Празниците носат раздвиженост кај граѓаните, но и меѓугранична фреквенција на домашни и странски патници. Секој од нив нема празнични намери со своето патување. Доказ се извештаите на Полициските служби на граничниот надзор на ГП „Богородица“ Гевгелија кои за време на бадникот и божиќните празници релизирале две притварања на сомнителни граѓани, за кривични дејанија.
Првиот притвор е евидентиран на 06.01.2023 каде е притворен грчки државјанин.
На Граничниот премин Богородица во 11:30 часот, при влез во државата бил лишен од слобода Р.М.(63) од Р.Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик. Имено, по извршени проверки било утврдено дека неговата грчка лична карта била фалсификувана. За случајот бил известен Јавен обвинител и лицето е задржано за понатамошна постапка.
Денеска (08.01.2023) околу 01:15 часот, на место викано „Македонија пат“ на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци. При контрола на патничко возило „Мзда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.
М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.