Првиот дел од помошта за Македонците од Албанија во која се вклучени училишен прибор и печки на дрва денеска се упати кон Пустец и Голо Брдо.
Ученички ранци, училишен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, се донација на Министерството за образование и наука, соодветно на потребите на училиштата каде настава посетуваат припадници на Македонското национално малцинство.
„Македонските здруженија од Албанија“ побарале на жителите на Требиште да им биде обезбеден и булдожер за чистење на снег, по што министерот за надворешни работи, Османи изјви дка ќе им биде доставен за кратко време.
Помошта е донација од Владата на РСМ обезбедени преку Министерството за образовние, а ќе следува помош обезбедена од ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. Одлуката на Владата уследила после посетата на Министерот за надворешни работи на Пустец и Голо Брдо во Албанија.
Министерот Османи нагласи дека Северна Македонија ќе продолжи со обезбедување на поддршка за припадниците на Македонското национално малцинство во Албанија, како преку конкретна помош како денешната опрема за училиштата, така и преку поширока институционална поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија.