„Се минува во животот!“ – воздивна сиромашната старица и продолжи …
– „Модата на фармерките минува. Студот поминува.
Возот поминува, дури и двапати!
Поминуваат пријателите, момчињата, сопрузите и сопругите…
С’е поминува!
Бурата поминува и сонцето изгрева!
Ноќта минува. Болката поминува.
Божиќ, Велигден.
Крвта во вените тече и …
се’ поминува, мило дете!
Она што никогаш нема да помине и да си оди се твоите родители!
Кога ги сакаш, кога ги мразиш,
кога ги пцуеш, кога ги фалиш
тие не поминуваат, тие секогаш остануваат таму!
Две живи скали, ангели спасители, побркани, апсурдни …
Можеби одвоени, одалечени,
Тие остануваат засолнети во своите куќи со спуштени завеси, полуотворени врати ..
Сведоци на твојата среќа
и твојата бескрајна тага ..
Навивачи на твоите победи
и марамчиња за нос во твоите порази …
Често беспомошни, но никогаш не се откажуват.
Никогаш не минуваат …
нема што да ги натера да си заминат!
Па дури и кога се од другата страна на земјата,
или на другиот крај на небото, секогаш ќе го чуствуваш нивниот мирис…
мирис на љубов“….
Гергана Лабова