Брза закуска или лесна вечера може да биде следниот рецепт со туна кое ќе биде олеснивање за домакинќите кои немаат многу време за домашните кулинарски работи, а ќе биде изненадување за семејството, или ненајавените гости.
Потребни состојки:
– 1 конзерва туна
– 1 главица кромид
– 1 домата
– 2 јајца
– моцарела сирење или кашкавал (рендан 150-200 гр.)
– 1 китка магданос исечкан ситно
– сол (1 кафена лажичка)
– црн пипер (1/2 кафена лажичка)
– лук во прав (1 кафена лажичка), или две чешниња лук изрендани
– црвен пипер или буковец (1 кафена лажичка)
– 1 лажица брашно
Подготовка:
Туната од конзерва ја ставаме во мала цедалка и ја истиснуваме течност од неа (содржи вода и маснотии).
Во подлабок сад матиме две јајца. Потоа во садот со јајцата ги додаваме состојките: сецкан кромид, сецкана домата, туната, моцаремата, сецканиот мгданос и лажицата брашно. Сето заедно го промешуваме со лажица.
Потоа во измешаната смеса додаваме сол, црн пипер, лукче, црвен пипер и повторно се’ промешуваме.
Измешната смеса ја ставаме во претхдно загреана тава со малку масло да се пропржи. Тавчето го покриваме со капак и оставаме на рингла 10 минути. Со малата количина масло, а дебелата смеса од состојки таа всушност ќе се потпече убаво од долната страна. Затоа, со помош на поголем тањир од тавчето ја превртуваме смесата и ја ставаме да се потпечи и од другата страна.
Ја вадиме од тавчето подготвената туна пита со зеленчук и сервираме.
Добар апетит!