Портата на Европа, Гевгелија, го докажува својот епитет за порта и во негативна здравствена конотација со тоа што годинава стана влез за првиот слуај на корона потсојот „кракен“ во државата.
Првиот случај на овој подсој на вирусот корона и официјално e детектиран во Македонија, и тоа во нашата Гевгелија, со позитивен тест кај пациент кој бил тестиран на 11 јануари годинава, а примерокот од неговиот тест бил секвенциониран во лабораторијата на МАНУ при што било констатирано дека припаѓа на сојот „Кракен“ кој пак е .потсој на сојот „Омикрон“.
Од институтот за јавно здравје соопштија дека се секвенционирале примероци земени во текот на овој месец и декември минатата година и дека присутен е само сојот „Омикрон“. За сега во државата има само 32 позитивни пациенти на корона, а новиот сој „Кракен“ го има само кај едно лице од Гевгелија.
За претседателот на Комисијата за заразни болести, професор доктор Александар Петличковски, нема место за загриженост иако овој подсој на „Омикрон“ е досега најлесно пренослив, но е со најлесни сипмтоми бидејќи граѓаните кои го прележале овој сој на коронавирусот, или се вакцинирани веќе имаат стекнато добра имунолошка заштита. Петличковски не очекува оптеретување на здравствениот систем и голем број на хоспитализации.
– „Нема место за загриженост бидејќи „Кракен“ од она што досега го знаеме оди со лесна клиничка слика како горнореспираторна инфекција, можеби дури и полесна од грип. Нема место за паника ниту пак очекуваме нешто значајно да се комплицира по однос на притисокот на здравствениот систем “, изјави д-р Петличковски.
Претседателот на комисијата е дециден дека моменталната епидемиолошка состојба во државата е стабилна, а се очекува покачување на бројката за заболени од грип во следните недели, но повторува дека место за паника нема и доколку е потребно Комисијата веднаш ќе интеревенира со мерки.