Во текот на вчерашниот ден со 40 минутниот дожд од 14:04 до 14:48 часот и попладнето со непрестаното врнење од 17:25 до 07 часот изутрината, во Гевгелија наврнаа 30 литри дожд на еден метар квадратен, јавуваат од Метеоролошката станица во Гевгелија.
Со тоа се остварија прогнозите на метеоролошките стручњаци дека доаѓа влажен бран кој ќе донесе врнежи и до 30 л/м2 дожд. Токму во Гевгелија прогнозата се оствари со максималната предвидена количина на наврнат дожд
Умереноста на врнежите кои траеја нешто повеќе од 14 часа, како и нискиот воздушен притисок упатуваат на разбистрување на оваа депресивно облачно време и разведрување во текот на денот.
Значи, имајте убаво утро и уште поубав релаксирачки ден!