Трофејниот Новак Ѓоковиќ претпладнево на фуриозен начин со максимални 3-0 по сетови 6:1, 6:2 и 6:4. во четвртфиналето на Грен слемот во Мелбурн го совлада Андреј Рубљов и по десети пат во кариерата обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисер на турнирот во Австралија.
Најдобриот српски тенисер одигра уште еден извонреден меч на овогодинешниот Австралија Опен. Два дена по убедливиот триумф над Австралиецот Алекс Де Минор, Ноле денеска во ист стил во четвртфиналето играше против рускиот тенисер Рубљов, моментално шестопласиран на АТП листата.
Српскиот ас по само два часа и четири минути го „збриша“ од теренот одличниот Рубљов.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Американецот Томи Пол, кој рано утрово, по наше време, го победи сонародникот Бен Шелтон.
Во првото полуфинале на Грен слемот во Австралија ќе играат третиот носител Стефанос Циципас од Грција и Русинот Карен Хачанов.