На 28.01.2023 (сабота) околу 15:20 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З. (67 год.) од Република Грција се струполил на подот.
Веднаш од хотелските службеници била повикана Брза помош.
Лекар од Итната медицинска помош при „Општа Болница Гевгелија“ констатирал смрт кај 67 годишниот грчки граѓанин, констатирајќи исто така, дека нема никакви видливи траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. Јавниот обвинител издал наредба телото да биде предадено за обдукција, по што е постапено уште истиот ден.