ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.К.(30) село Моин, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 23.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 47 куршуми со калибар 7,9 мм.
Делото за кое се терети А.К. е предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик. Во него е наведено следново:
„(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува, посредува во трговија или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2)Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.“ (извадок од Челн 396 од КЗ).
Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Гевгелија