Посетата на претседателот Пендаровски на Општинскиот Црвен крст во Гевгелија ни’ донесе на увид една легендарна фотографија која означува дека хуманоста е неограничена со возраст.
На средба со претседателот се 14 годишната Мартина Ангелкова, волонтер во „Клуб 14“ при ОО ЦК Гевгелија и крводарителот ветеран, 69 годиниот Никола Чириќ и двајцата од Гевгелија.
Господинот Чириќ има реализирано над 100 крводарувања (после 100то веќе не ги броеле и евидентирале дарувањата), почнувајќи од 1974 година, на своја 21 годишна возраст. Решителноста да дарува крв и да спасува човечки животи го ставила на листата на дарители по повик на Трансфузиологија, па се случувало да спаси родилка со штотуку родено бебе. Сега е пензионер, со здраво срце полно спомени за неговите дарувања и благодарноста која ја имал со сознанието дека некому сторил добро во најважниот момент во животот.

Мартина е најмладиот волонтер од „армијата“ 100 волонтери во ОО ЦК Гевгелија и беше прогласена за „волонтерн на месец декември“ по многубројните ангажмани на кои се одзвала да учествува оваа млада хуманитарка.

Една слика, многу збрани мудрости во неа и пораката дека ХУМАНОСТА не познава возраст, туку само големо срце полно со емпатија и добрина за човештвото.