Веќе трета академска година студентите од општина Гевгелија запишани на Медицински факултет прва година и на Електротехничкиот факултет имаат можност да станат добитници на стипендија која ја доделува општина Гевгелија.
Овие научни дисциплини се сметат за дефицитарни високообразовни кадри на општинско ниво, па одлука на Советот на општината е тие да бидт стипендирани, со цел помагање на образованието на студентите од оваа научна сфера.
По завршениот јавен оглас за академската 2022/23 година познати се добитниците на стипендии за тековната академска година.
За Медицински факултет стипендисти станаа:
1. Сара Китановска,
2. Тамара Филипова,
3. Зорица Андонова,
4. Вања Несторов Андријевиќ и
5. Теодор Узунчев
Сите се студенти запишани на Медицинските факултети прва студиска година.
За Електротехничките факултети стипендисти се:
1. Георге Демерџиев,
2. Драган Икономов,
3. Мартин Гоцевски и
4. Драган Стојанов
Сите четворица се добитници на општинска стипендија – студенти запишани на Машинските и Електротехничките факултети во државата.
За стипендистите општината ќе одвои по 6.000 денари за секој студент во текот на 10 месеци додека трае наставно-научнио образовен семестар за студиската година. Годишниот фонд на средства што ќе биде одвоен од локалниот буџет за оваа намена изнесува 540.000 денари.
На Конкурсот што Општина Гевгелија го распиша за доделување 10 стипендии, се пријавиле вкупно 13 кандидати, од кои 9 студенти запишани во прва година на Медицинските факултети, а 4 студенти запишани во втора година на Машинските и Електротехничките факултети.
Им честитаме на добитниците!