среда, 22, март 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Фамилија Трајковски од Миравци доби еднократна помош за опожарената куќа од Општината

Советнички опозит - Едни предлагаат помош од 150.000 денари за санација на опожарената куќа, други велат дека не треба

февруари 2, 2023
in ФОКУС
Фамилија Трајковски од Миравци доби еднократна помош за опожарената куќа од Општината
0
SHARES
1.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

– „Општина Гевгелија на барање на семејството Трајковски одвои еднократна парична помош во висина од 45.000 денари колку што бараше самото семејство за санација на нивниот опожарен дом“ – изјави Сашо Стојиловски, член на Советот на општина Гевгелија од Миравци, на одржаната 22-ра седница на Советот.

– „ Во текот на изминатите денови беше направена донаторска акција и собрани беа доволно средства за санација на опожарениот дом на фамилија Трајковски од Миравци. Беше изгорена целата внатрешност на домот. Објектот е саниран и семејството веќе живее во својот дом“ – истакна Стојиловски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

март 21, 2023
Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

март 21, 2023

Тој во своето обраќање додаде дека се слушнал со семејството за време на паузата на 22-ра седница на Советот на општина Гевгелија и тие се изјасниле дека не им треба дополнителна помош.

Со ова објаснување беше одбиен предлогот на советничката група на СДСМ да се расправа за предлог одлука за одвојување 150.000 денари финансиска помош на семејството Трајковски од Миравци на кои на 12 јануари им беше опожарен домот од продолжен кабел кој се запалил и ја опожарил целата покуќнина и внатрешноста на семејната куќа. Предлогот од говорницата на 22-та седница на гевгелискиот Совет го изнесе Александар Пандовски, член на Советот од редовите на СДСМ, инаку жител на Миравци.

Сограѓаните на Лена и Митко Трајковски изминатите денови на социјалните мрежи бараа помош за брза санација на нивниот дом, бидејќи објектот беше нефункционален за живот, а тие престојувале кај роднини. Беа поставени кутии за донации во Миравци, се донираа материјали за внатрешна санација на објектот, се работеше доброволно.

За немилиот настан – опожарувањето на семејната куќа на Трајковски од Миравци, на првата седница од 2023 година, одржана на 30 јануари, советничката група на СДСМ реагираше со предлог за одвојување финансиски средства во износ од 150.000 денари, а советник од Миравци од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека помош не е потрабна.

Осум советника гласаа „за“, 10 беа „воздржани“, а 1 советник не учествуваше во гласањето. Со тоа предложената финансиска помош од 150.000 денари беше одбиена од мнозинството членови на Советот кои не прифатија одвојување средства за санација на домот на Лена и Митко Трајковски од локалниот Буџет на општина Гевгелија.

Советнички опозит – Едни предлагаат помош, други велат дека не треба.

Посакуваме мирна зима за семејството Трајковски од Миравци.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тепачка во Парламентот на Србија

Next Post

ГОЦЕ И НИЕ

Next Post
ГОЦЕ И НИЕ

ГОЦЕ И НИЕ

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

2 месеци ago
Гевгелиски „Комуналец“ со 24.000.000 денари загуба во III-от квартал од годината

Гевгелиски „Комуналец“ со 24.000.000 денари загуба во III-от квартал од годината

3 месеци ago
Бочварски: Распределба на 52 стана од новоизградената социјална зграда во Гевгелија

Бочварски: Распределба на 52 стана од новоизградената социјална зграда во Гевгелија

1 месец ago
Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

3 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • „SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија
  • Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром
  • Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

март 21, 2023
Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

март 21, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist