Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, денеска високи владини претставници и државни функционери оддадоа почит пред неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Скопје, во чест на неговото раѓање пред 151 година, на денешниот датум, 4-ти февруари.
Почести беа оддадоа и голем број граѓани, како во „Св. Спас“ Скопје, така и во други градови од државата каде има спомен обележја и институции со името на големиот македонски деец Гоце Делчев.