Силно снежно невреме од вчера ја зафати Србија. Во голем дел од земјата има проблеми поради снегот и силниот ветер. Дел од патиштата се затворени, а полицијата апелираше луѓето да не патуваат кон одредени места без ислучително важна потреба.
25 илјади луѓе во моментов во Србија се без струја. На југот на земјата, во некои места висината на снегот е и до еден метар. Власите објавија дека се расчистуваат патиштата кои поради големите наноси беа непроодни.
Во текот на ноќта полицијата ги извлекуваше луѓето кои беа завеани на патот Сеница-Нови Пазар. Ангажирани се 141 пожарникар и 43 возила.
View this post on Instagram