Во утринските часови страшен земјотрес го погоди југот на Турција, кој зад себе остави пустош од разурнати згради, мртви, повредени и голем број од оние кои останаа затрупани под купот урнатини и бетон.
Епицентарот на земјотресот е на 3 километри од турскиот град Газиантеп, на длабочина од 10 километри. Во два последователни земјотреси од кој првиот со јачина од 7,8 степени според рихтер и вториот со јачина 6,7 степени разурнати се над стотина стамбени згради. Трицифрен број на жртви се бројат и во Турција и во Сирија.
Гледката е застрашувачка во југот на Турција.
Освен Газинтеп настрада и градот Искендерум, каде што буквално беа урнати и срамнети со земја повеќето згради. Има информации дека пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се мери во илјадници.
The City of İskenderun in Southern Turkey has suffered some of the most Severe Damage caused by the Earthquake, there are reports that Fire and Rescue Crews are unable to get to many parts of the City with 100s if not 1000s of people expected to still be under collapsed buildings pic.twitter.com/kMV2hgEBXZ
— OSINTdefender (@sentdefender) February 6, 2023
Третиот град кој претрпе страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција е Кахраманмарас.
Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата ѝ е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.