Борба за здив, надеж за живот.
Автентични снимки кои неможат да се опишат со збор.
Британската телевизија Скај њуз објави видео од уривање на зграда по разорниот земјотрес во Турција. На видеото се гледа како околу зградата се насобрани многу граѓани, и во еден момент големиот објект се урива.
Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.
Најшокантните фотографии доаѓа од разурнатиот, од земјотресот, град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата 15 годишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.
Затрупани под урнатините, смрт, надеж, нов живот.
Млада жена заглавена под урнатините роди здраво дете во Алепо, Сирија, но за жал таа не издржа, почина по раѓањето на бебето.
The moment a child was born 👶 His mother was under the rubble of the earthquake in Aleppo, Syria, and she died after he was born , The earthquake.
May God give patience to the people of #Syria and #Turkey and have mercy on the victims of the #earthquake#الهزه_الارضيه #زلزال pic.twitter.com/eBFr6IoWaW— Talha Ch (@Talhaofficial01) February 6, 2023
Две сестри беа извлечени од зграда во Антакија, по серијата разорни земјотреси што ја погодија оваа земја, но и соседна Сирија.
The Communist Party of Turkey (TKP) Antakya rescue team has just pulled two sisters out of the rubble alive. Everyone in Turkey – revolutionaries, communists, Islamists, secularists, nationalists – is trying to do their best. Solidarity. pic.twitter.com/711x7C3yx8
— Levent Kemal (@leventkemaI) February 7, 2023
Преживеаните ноќта ја поминаа под оторено небо, некои во надеж, некои скршени од болка.