По полноќ ќе се намалагт цените на дизел горивото за 2,5 денари за литар и на нафтата за домаќинствата за 2 денари. Цените на бензинот и на мзаутот не се менуваат.
Максиманлните цени на горивата по полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) –76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)
Од Регулаторната комисија за енергетика потсетуваат дека трговците нафтените деривати можат да ги продаваат и по пониска цена.
Новите цени почнуваат со примена после полноќ, на 09.02.2023 во 00:01 часот.