Солидарна и хумана Гевгелија испраќа тим во погодените краеви со земјотресот во Турција.
Четири пожарникари од ТППЕ Гевгелија, со теренско возило и опрема денеска заминуваат за Турција.
– „Се чекаат возилата од другите екипи од Македонија кои ги испраќа Дирекцијата за заштита и спасување од Македојнија и задно да се приклучат на спасувачкиот конвој од Македонија кон Турција“ – изјави за GevgelijaNet командирот на Теритријалната противпожарна единица од Гевгелија, Игор Ризов.
Хероите од Гевгелија се Горан, Димитар, Кирил и Дејан.
Вчера екипа со осум пожарникари од Струмица со возило на ТППЕ заминаа во погодените краеви со земјотресот во Турција.
Среќен пат на сите кои денеска заминуваат за Турција.
Посакуваме многу спасени животи од солидарните спасувачки сили на Македонија.