Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на одржаниот општински натпревар по математика покажаа завидни резултати. Освоија една Втора награда, една Трета награда и три Пофалници.
Прва Година:
– Ѓорги Новаковски од Гевгелија – (80 поени) освои Втора награда
Втората награда ја дели со уште тројца ученици д СОУ „Богданци од Богданци кои освоија по 71 поен секој поединечно, а тоа се: Јована Николиќ, Катерина Ѓоргевиќ и Леа Роман. (сите тројца потфрлиле со „0“ бодови за 4-та задача, а Ѓорги добил 5 поени од можните 25).
Вкупниот број на натпреварувачи изнесуваше 60 ученика во сите години од прва до четврта, од општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Велес, Неготино и Кавадарци.
Во втора година нема математиари натпреварувачи од потесниот јужен регион.
Во трета година второто и третото место го освоија ученици од ОСУ „Гоце Делчев“ Валандово:
– Јордан Стојаноски – (73 поени) – Второ место
– Александар Павлов (53 поени) – Трето место
Тројца ученици од III година од СОУ „Ј.Јосифовски“ од Гевгелија се стекнаа со пофалници:
– Вања Стоименова – 50 поени
– Ива Цицмилова – 40 поени, и
– Ирина Прошева – со освоени 40 поени.
Во натпреварот за ученици од IV година ученик од Гевгелија освои ТРЕТО место:
– Антониј Стојменов (56 поени) – СОУ „Ј.Јосифовски“ – Трето место.
Сојузот на математичари на Македонија кој е оргнизатор на општинските натпревари по математика во основните и средните училишта во државата најави дека:
– „Право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 4.03.2023 остварија сите ученици со освоени најмалку 40 поени“.
Им честитаме за покажаното знаење во конкуренција помеѓу вкупно 60 натпреварувачи и им посакуваме добри резултати на Регионаниот натпревар по математика, следниот месец.
Натпреварот се одржа во саботата на 4.02.2023 во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.