Во почетокот на вчерашниот ден, среда (08.02.2023) во 04:30 часот на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Џ.Д.(33) жител на Кавадарци.
За него била распишана потерница по наредба на Казнено – поправната установа „Затвор“ Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната.