Владата на денешната 130-та седница донесе одлука со којашто утрешниот ден, 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за Ден на жалост на Република Северна Македонија.
Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес.
Владата изразува длабоко сочувство за загубите, до целиот турски народ и до блиските на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија – се вели во денешното соопштение од Владата.
Во објава на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски порача дека како држава и народ ќе продолжиме да бидеме солидарни и да им помагаме на оние кои загубиле сѐ.