Четворочлениот тим составен од пожарникари од Територијаллната противпожарна единица од Гевгелија веќе 5-ти дена се на терен во градот Адиаман во Турција кој е погоден од земјотресот, изјави за GevgelijaNet.com командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов..
Адијаман е град во југоисточна Турција со околу 270.000 жители. Многу згради во градот се уништени од земјотресот што ја зафати Турција и северот на Сирија на 6 февруари годинава.
Нашиот гевгелиски тим учествува во расчистување на урнатините во надеж дека во некоја шуплина помеѓу две бетонски плочи ќе пронајдат преживеани. Денеска е осмиот ден по катастрофалниот земјотрес, сите претпоставки се дека услови за преживување нема во купиштата бетон, прашина, без вода и храна на – 2 степени под нулата.
Сепак, можеби и денеска ќе бидеме сведоци на нови чуда на преживувње на заглавени жители во рушевините низ југоистокот на Турција.
Нашите херои се Димитар Ѓоргиев, Дејан Иванов, Кирил Калинов и Горан Митков.
Тие се на терен заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ кои беа испратени за помош од нашата земја на пријателска Турција.
Купишта бетон, арматура, искршени цигли, се сликата на разрушениот Адијаман, кој е административен центар на провинцијата Адијаман и округот Адијаман. Жителите на градот се претежно Курди. Но, јазикот на хуманоста е присутен на теренот.
Среќно момци! Помагајте и чувајте се!