Вчера напладне, на 17.02.2023 околу 12:10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од с.Негорци, гевгелиско и Н.И.(26) од Гевгелија.
При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници.
Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.