Вечерва во 19:32 часот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди местото Ираклион на островот Крит во Грција.
Земјотресот бил почувствуван во радиус од 90 километри, а во Грција го почувствувале околу 751.000 лице.
Епицентарот на земјотресот бил на островот Крит, на длабочина од 21 километар, пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ)
Претходно денеска силни земјотреси ги погодија и Романија и Турција.
⚠Preliminary info: M4.7 #earthquake (#σεισμός) about 70 km NE of #Irákleion (#Greece) 3 min ago (local time 19:32:56). Updates at:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/GJnkBXSufk— EMSC (@LastQuake) February 18, 2023
Мапа на досегот на земјотресот од Европско-медитеранскиот сеизмолошки Центар.