Вчеравечер беа доделени наградите БАФТА за 2023 година, а како најдобар актер триумфираше Остин Батлер за улогата во филмот „Elvis“, филмска сага за музичкиот подем кариерата на Кралот на рокен ролот. За најдобра актерка е прогласена Кејт Бланшет за улогата во филмот „Tar“.
На гала вечерта во Лондон присуствувале дури и принцот Вилијам и неговата сопруга, Кејт Мидлтон. Британскиот Оскар, како што ја нарекуваат оваа награда, го добија и Кери Кондон за најдобра споредна актерка во филмот „The Banshees of Inisherin“ и Бери Киоган за најдобар спореден актер во истиот филм.
За најдобар филм е прогласен „All Quiet On The Western Front“, а истиот освои 7 награди, вклучително и за најдобро адаптирано сценарио, најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и најдобар режисер (Едвард Бергер).
Наградата за најдобро оригинално сценарио ја освои Мартин Мекдонаг за „The Banshees Of Inisherin“, а за најдобар документарен филм беше прогласен „Navalny“.
Наградата за ѕвезда во подем ѝ припадна на младата актерка Ема Маки, а наградата за специјални визуелни ефекти ја доби филмот „Avatar: The Way of Water“.
Целосната листа на добитници можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.