Роднокрајната емисија „Везилка“ на Алфа телевизија неделава беше посветена на Богданци, тамошните жители, нивните културни обичаи, народни традиции, кулинарските вештини, домашните изработки.
Гостуваа одбрани соговорници репрезенти на општествениот живот на ова јужно-топло место, како што се Културно-уметничкото друштво од Богданци, локални музички групи, жените пензионерки, а со свои гурмански рецепти се претставија и локалните угостители. Водителката Ирена Спировска посвети неколку фотографии со своите гости, а ние ви споделуваме и видео материјал од настапите на богданчани.
Музикалноста на богданчани беше претставена со настап на локални изведувачи, а ние ви ја презентираме Серафина Ѓорбашлиева со песната „Шеќерна“.
Ангела и Серафина имаа свој интересен настап со песна, музика, такт и стара некогашна игра со дланките.
Јужњачки музикалци од родното место на Таушанови, основачите на групата „Мањифико“, на театарски и драмски уметници како Колозов и Ванчо Петрушевски, на новите европски музичари како Јова … тоа е денешното Богданци.