Општинската Организација на Црвен крст Гевгелија и волонтерите од Клубот на млади заедно со „Royal Rangers Macedonia“ преку заедничка активност подготвија хуманитарна помош – пакети со храна за погоденото население по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
Во извидничкиот центар во Ново Коњско – Гевгелија, младите волонтери учествуваа во распоредување и пакување на помошта спремајки пакети производи од сите донирани намирници за прехранување на населението погодено од земјотресите во овие две земји.
Прехранбените продукти се донација од Royal Rangers Macedonia.
Соработката беше заедно со извидниците од одредот „Лавови“ Гевгелија (RRGevgelija) кои спакуваа 50 пакети со храна за населението од регионите погодени од земјотресот на 6 февруари.
- „Оваа активност претставува вистински пример за општествената одговорност и показател за успешната соработка меѓу двете организации“ – изјавуваат од ЦК Гевгелија.