Синоќа во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа традиционалниот Маскенбал во рамките на Струмичкиот карневал.
На свечена церемонија беа прогласени овогодинешните принц и принцеза. Тоа се Наско Костуранов и Катерина Јовановска кои утре од 18:30 часот, заедно со кралот ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.
Пријавени се за учество 41 карневалски дружини со своите маски, кои имаат посебен распоред во дефилето закажано за вечерва.
На синоќешниот маскембал имаше весели и маскирани лица, некои препознатливи, некои не под бојата на шминката.
Фото објективот на „СтрумицаНет“ го улови и учеството на Маршалот Тито со неговата придружничка Јованка Броз. Дознавеме дека во костимираниот лик се појавува Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со неговата придружничка.
Атмосферата на Маскембалот беше забавна, шарена и креативна.
Фото галеријата од Маскембалот (во горната насловна коцка на почетокот од текстот) ја позајмивме од „SRnet“ (RadioStrumicaNet).
Следува Видео од атмосферата која ја позајмивме од истиот извор.
Еден ден претходно учениците од музичкото училиште „Борис Џонев“ од Струмица одржаа концерт под маски, како претхдница на карневалските случувања од најмалите, музички изведувачи.