Пиљара „Кај Кецот“ најави хуманитарна акција за донирање на свои производи за самохрани родители во вредност од 700 денари, во текот на месец февруари.
Најавата не остана само на збор, туку и реално се реализира на секој кој ќе ја побара услугата, а е самохран родител. Благодарности веќе се испишуваат на социјалните мрежи, а ние сакаме да го обзнаниме овој хуман гест на гевгелиската пиљара „Кај Кецот“.
Иако се со полни рафтови произоди, овие луѓе се и со полно срце добрина. Во текот на декември пред новогодишните празници имаа несекојдневна акција „Ако имаш донеси, ако немаш понеси“ со кој стимулираа и други да се вклучат во донаторската акција на семејствата со ниски лични примања за обеззбедување на прехрамбени артикли за семејните празнични трпези.
Секј можеше да кули одреден производ и да го закачи на закачалката на добрината.
Еве, добрината продолжува и во февруари кон семејствата на самохрани родители.
Пример за пофалба.
Да ја продолжиме низата на дарувања и добрина и во други дејности и бизниси кои им се од помош на семејствата во социјален ризик.