Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја оствари целта, ќе игра во главните квалификации за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2025 година.
Нашите најдобри кошаркари убедливо со 38 голиви разлика и резултат од 41 : 79 ја совладаа Норвешка и ги завршија претквалификациите како првопласирани во групата „Д“.
Селекторот Александар Јончевски е презадоволен од прикажаното на мечот во Арената „Нордстранд“ во Осло. Тој искажа „честитки до играчите и стручниот штаб, што до последна секунда сите го дадоа максимумот“.
Македонските кошаркари го одиграа веројатно и најдобриот натпревар во овој втор круг од претквалификациите за место во оние главните – квалификации.
Апсолутна доминација имаа „жолто-црвените“ и беа наградени избраниците на селекторот Александар Јончевски со голема, победа, и највисока во овие шест натпревари од кои добивме пет, и како првопласирани одиме понатаму – во квалификациите кои водат кон место на „Евробаскетот во 2025“.