Роден во Богданци на 26 февруари 1948 година, сега би имал 75 години, но почина на 55 годишна возраст. Зад себе остави ризница од театарски, драмски и ТВ настапи.
Дипломирал на Академијата за драмска уметност на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.
Во својата плодна кариера тој остварил бројни улоги, а најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ, во популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“.
Како нашинец, роден во мало место го знаеше битисувањето на обичниот човек па зборовите од сценариото му течеа од уста, со непрепознатливост дека тоа е глума.
Еве еден фрагмент од приказната за “Чорбаџијата циција” и неговата девиза дека треба да се води “икономија” за стари години.