Ова е акварел од францускиот академски сликар Амабл Берноист (1886-1972), роден во Париз на 24 февруари.
Како патриот станал доброволец на француските армиски сили уште на почетокот на ПСВ, па поголемиот дел од војната поминал распореден во Македонија. Со разгорувањето на воените дејствија, налетот на Австроунгарската војска од север и запад и на Бугарската од исток, потиснувањето на Српската војска со која била сојузник Франција, во 1915 француските трупи одлучуваат да се повлечат на југ, и тоа од Кавадарци, преку Криволак, низ Миравци, Гевгелија се’ до Солун. Во тој период настанале низа цртежи од Македонија со потписот на овој автор. Неговите дела по неговата смрт откупени се од колекционери од Британија и Грција.
Фотографијата прикажува живописно зајдисонце над Кожуф додека приквечерието го покрива селото Миравци, (од 1915 год.)