32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.
Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.
Kако што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.
Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.
Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите. Лекарите со потресни зборови: „Не можеме да идентификуваме некои жртви, телата се искасапени“
Шефот на железничката станица во градот Лариса е обвинет за убиство од небрежност, јавува Би-би-си. Полицијата соопшти дека 59-годишниот е обвинет и за нанесување тешка телесна повреда од невнимание.
Шефот на станицата, кој е задолжен за сигнализација, негира каква било грешка и за несреќата ја обвинува можна техничка грешка.
A head-on collision between two trains in #Greece has left more than 30 people dead. Dozens of others have been injured in the incident. pic.twitter.com/LYmRmB74Qd
— Iran Daily (@IranDailyWeb) March 1, 2023
Еве како изгледал „Пеколниот воз“ во Грција синоќа:
BREAKING: Two trains collide, catch fire in central Greece, multiple dead and injured
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) February 28, 2023