вторник, 20, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

„Cake&Bake“ – пекара која работи за луѓето

„Греота е да ги оставиме луѓето без леб“- ова е нивниот одговор за денешното производство на леб по 33 денари, со што ги задоволија потребите на половина семејства во Гевгелија

март 2, 2023
in ФОКУС
„Cake&Bake“ – пекара која работи за луѓето
0
SHARES
708
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со производство на 3.000 парчиња леб во услови кога другите пекари протестираат и не произведуваат леб по донесената одлука на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, гевгелиската пекара „Cake&Bake“ се пушти во погон да ги задоволи потребите на граѓаните.
Лебот е основен животен артикл во исхраната на човекот и нечовечки е да го нема.

– „Денеска произведовме 3.000 парчиња леб и сите се продадоа пред 15 часот. Последната фурна со пресно испечен леб беше готова во 13 часот и лебот повторно за рекордно време беше распродаден. Граѓаните бараат уште, но току се нашите можности за денеска. За утре очекуваме да пристигне додатна работна сила, пекар од Турција кој ќе се вклучи во тимот на „Cake&Bake“ за произвдство на поголеми кличини на леб. Цената на лебот е онаа што ја одреди Владата, 33 денари за бел и полубел леб од 450 грама“ – вели за GevgelijaNET Велика Карагонова Созуер, сопственичка на пекарата.

Related posts

Првите честитки за Денот на пожарникарите до ТППЕ Гевгелија ги упатија децата

Првите честитки за Денот на пожарникарите до ТППЕ Гевгелија ги упатија децата

мај 20, 2025
Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025

На ваков потег пекарата „Cake&Bake“ се одлучи после еднодневната пауза на производството на леб и чувството дека интересот на граѓаните е најважен.

– „Греота е да им скусиме леб на луѓето. Во оваа криза, кога лебот е основен за да се прехранат голем број семејства, ние одлучивме дека треба да продолжиме со работа и да го продаваме белиот леб по цена од 33 денари“, вели за ДВ, Велика.

Брачниот пар Созуер со пекарскиот бизнис почнале во јуни 2021 година и отворија пекарата во Гевгелија со репрезентативна продавница за пекарски и слатки производи. Почетоците биле тешки, со многу подеми и падови, но за изминатиот период тие успеале да го одржат и да го прошират пекарскиот бизнис.

– „Некогаш се работи со добивка, некогаш со зијан, но може да се работи ако се сака. Можеби во овој период ќе работиме со загуба, но мора да се издржи и да им се помогне на овие коишто се најзагрозени“, изјави Велика.

Најчести муштерии во пекарата се пензионерите, но се почесто сопственичката вели дека гледа и сиромашни семејства, на кои треба да им се помогне, а не да им се ускрати и тоа парче леб што едвај успеваат да го обезбедат за дома.

Зголемено производство

Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани кои деновиве се потешко доаѓаат до векна леб, пекарата Cake&Bake одлучи да го зголеми производството на бел леб. Тој и највеќе се троши. Ако во текот на летото се продаваат и по 3.500 бели лепчиња дневно, за интегралниот има побарувачка од 50 лебови на ден.

– „Денеска имавме зголемено производство на леб кој веднаш се троши, а слушаме најави дека од утре веќе со работа ќе почнат и други пекари“, велат од гевгелиската пекара.

На ваквиот чекор да продолжат со производство на бел леб се одлучиле откако увиделе дека други пекари во градот почнале да го продаваат лебот од 450 грама дури и за 58 денари.

– „Точно е дека имаме многу трошоци кои постојано раснат. Ние како пекара не користевме ниту субвенции од државата за струја, а сепак го поевтинивме лебот изминатиот период. Кај можат двајца пензионери да купат два леба во денот, ако нивната цена е над 100 денари?“, коментира нашата соговорничка.

Таа се надева дека сепак доаѓаат подобри времиња за пекарската индустрија. Откако ќе се надмине ситуацијата со недостигот на леб, пекарите се надеваат дека државата во иднина сепак ќе им пружи некаква помош со цел да се стимулира и поддржи оваа дејност.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Запленето злато на ГП „Богородица“

Next Post

Доделени признанија на тимот лекари кои ја изведоа првата трансплантација на црн дроб во Мекедонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Четири медали за „Мобилност“ Гевгелија на годинашниве 35ти Републички спортски игри

Четири медали за „Мобилност“ Гевгелија на годинашниве 35ти Републички спортски игри

2 години ago
ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

ЧЕСТИТ 23 МАЈ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА!

12 месеци ago
Објавени имињата и возраста на 59-те загинати во пожарот во Кочани

Објавени имињата и возраста на 59-те загинати во пожарот во Кочани

2 месеци ago
Спортски и културен настан „За здив“ и поддршка на болните од ПХ

Спортски и културен настан „За здив“ и поддршка на болните од ПХ

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Со „Срцето на хуманоста“ донирани два апарати за ЈЗУ Општа болница Гевгелија
  • Јован Насев – Четврти трофеј за „најдобар стрелец“ на турнир во Грција
  • Првите честитки за Денот на пожарникарите до ТППЕ Гевгелија ги упатија децата

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Со „Срцето на хуманоста“ донирани два апарати за ЈЗУ Општа болница Гевгелија

Со „Срцето на хуманоста“ донирани два апарати за ЈЗУ Општа болница Гевгелија

мај 20, 2025
Јован Насев – Четврти трофеј за „најдобар стрелец“ на турнир во Грција

Јован Насев – Четврти трофеј за „најдобар стрелец“ на турнир во Грција

мај 20, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist