Центарот „“Мајка Тереза денес заедно со своите штитеници и едукативни помошници отворија штанд со свои лични изработки наменети за претстојниот празник 8 Март.
Сите изработки се од рециклиран материјал, со цел заштита на природата, а дополнително со помош на коноп, лепило, дрвени парчиња, цветови и бои децата создаваат свои креативни парчиња наменети за поклон и внимание за саканите. На штандот има цветни аранжмани, држачи за пенкала, украсни шишиња, магнетчиња изработени од гипс, нараквици со монистри и други мали нешта направени од рацете на штитениците на „Мајка Тереза“ за време на нивните окупациони вежби.
Тимот на ,,Мајка Тереза” Ве поканува да го посетите нивниот штанд лоциран на малиот плоштад „Сава Михајлов“ – секоја купена изработка е и Ваша донација за Центарот.
Поклонувајте и донирајте!