И годинава производителите на цвеќе го исполнија со цветни штандови традиционалниот претпразничен цветен пазар во Гевгелија, во прсрет на празникот на жената, 8-ми Март.
Пред платото на споменикот „Сава Михајлов“ денес на сонцето се прелеваат разни видови саксиско цвеќе во сите бои, спакувани со внимание за да некому посветите внимание.
Цените пристапни од 50 до 350 денари, во зависност од сортата, големината.
Наше е да Ве известиме, Ваше е да ги посетите и да одберете цветен поклон за жените од Вашиот живот. Со цвеќето нема да погрешите да ги искажете вистинските чувства на наклонетост и благодарност.
Целата Фото Галерија погледнете ја на почетокот, во коцката од насловната фотографија.