Женскиот активизам како еден од клучните фактори од нашиот севкупен општествен живот во смисла на вклученоста на жената во оформувањето на општеството како форма на организирана заедница, продолжува со несмалено темпо дури и претпразнично во Гевгелија.
Во пресрет на меѓународниот ден на жената Форумот на жени на СДСМ Гевгелија одржа едукативна трибина за родово – базирано насилството врз жените дебатирајки за начинот на нивното препознавање, институционално третирање и здравствено – едукативен третман со жртвите и нивните насилници со цел да не бидат повторувачи на делото.
Говорниците, секој во својата професионалност дадоа осврт на темата.
Јована Тренчевска – Претседателка на Форум на жени на СДСМ и Министерка за труд и социјална политика истакна дека со прифаќањето на Истамбулската конвенција од страна на Владата на СДСМ и нејзино ратификување во Парламентот во 2017 година нашата земја сериозно обрнува внимание во сферата на заштитата на жената. Иако краток период се применуваа оваа конвенција таа ги дава резултатите со тоа што во 2022 година во однос на 2021 има намален процент на насилство врз жение од 4,3% на ниво на цела држава.
Владата на СДСМ овозможи донесување на цела една законска регулатива која ги штити жените во општеството. Политиките за родова еднаквост на оваа Влада се реализираа со носењето на Стратегијата за родова еднаквост, како и носење на измените во Кривичниот законик кој ја зголемува ефикасноста со воведување на демнење како кривично дело и поефикасно справување со родово базирано насилството. Во истиот се предвидени и мерки за заштита на жртвата и кривична одговорност за насилникот со цел да создадеме општество на разбирање и толеранција.
– „Денес се’ уште зборуваме за насилство врз жената кое за жал не е искоренето, бидејќи статистиката вели: од 1.543 случаи на евидентирано насилство 1.074 жртви се жени, 227 се деца и 252 лиза се машки пол (тоа се претжно стари лица кои трпат насилство од своите деца, или членови на семејството).
Ако најголем процент од жртвите се жени нашата политика го става акцентот врз заштитата на жената во семејството, во домот, на работното место, како индивидуа која има потполни права и слободи во оваа држава да биде заштитена“ – истакна на трибината претседателката на Форумот на жени на СДСМ и Министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Од видовите на насилство кои се регистрирани во минатата 2022 година во МТСП и 30-те Центри за социјални работи во државата најзастапено е психолошкото насилство со евидентирани 1.051 случај, фиичкото насилство со евидентирани 846 случаи сексуалното насилство (4 случаи) и економското насилство (25 случаи) Значи, најпрепознатливо е психичкото насилство кое жената го трпи во домот.
Како мерки системот поднел 2.095 законски мерки против сторителите на насилство од кои 1.823 се прифатени од Судот и превземени се мерки против насилникот.
Министерката Тренчевска ги охрабри жените да ги пријавуваат случаите на насилство зошто никоја индивидуа не треба да трпи насилство или било каква злоупотреба и ограничување на нејзината лична слобода и интегритет.
Професорката д-р социолог Татјана Стојановска Иванова беше вториот говорник на трибината со наслов „Заедно против насилството врз жените“. Таа го истакна кредото на својата работа на ова тема:
– „Идните поколенија нема да жалат за злото на злобните луѓе, туку за молкот на добрите луѓе“.
Таа посочи дека најголем дел од жртвите остануваат да живеат со насилникот бидејќи се економски зависни личности, без можност да се осамостојат самите за живот. Сепак, им порача на жените дека со тоа создаваат не една жртва (жената, мајката), туку и децата се жртви во една таква неквалитетна брачна заедноца, растејќи во страв и трауми кои ги носат со себе низ животот. Побара од жените да не молчат, да се одважат и да превземат нешто за себе и своите деца со што ќе го спречат насилникот во своето дело.
Од здравствена гледна точка, состојбата на жртвата и насилникот на трибината зборуваше и доктор специјалист психијатар Бони Стеваноски. Тој потенцираше дека неопходно е зравствено и едукативно да се третираат и двете страни, учесници во насилството и жртвата и насилникот, зошто ако насилникот низ психолошката терапија ако не го осознае своето дело како грешка, како насилство и не ја свати вината, тој ќе продолжи со таквото однесување и ако не истата, ќе пронајде нова жртва.
Модератор на трибината со примери кои ги заинтригираа панелистите на дебата, а публиката за дискусија беше Јованка Дојранлиева.
Организатор на трибината беше Форумот на жени на СДСМ Гевгелија и на почетокот на истата им се обрати претседателката Елизабета Стојменова.
На трибината беа упатени пораки жените да не молчат, да бидат медиум кои сознанијата од трибината ќе ги употребат во едукација на други жени, со детекција на ситни знаци на можно насилство во средините во кои живееме со цел да помогнеме да прозбори жртвата, да осознае дека нема обврска да трпи насилство и да ја ослободиме од стереотипите дека жената е потчинета единка во општеството.
Женскиот активизам продолжува во сите сфери од општественото живеење со цел жената да биде активен чинител, а не маргинализирана жртва во општеството, беше пораката од синоќешната трибина на Форумот на жени на СДСМ Гевгелија.
Пред почетокот на трибината која се одржа во Народниот театар во Гевгелија секоја жена доби цвет од организаторот на трибината со пригоден поклон како чеситка за Меѓународниот ден на жаната 8-ми Март.