Од 10 до 15 отсто пониски цени на продуктите од оние кои биле на рафотвите во малопродажба на 1 март, одлучи денеска Владата. Одлуката стапува на сила на 16 март. Дополннително ќе се разгледува дали да се замрзнат цените на шеќерот, јајцата и домашен ориз. Речиси сите комапнии ги користат максималните маржи од 20 отсто.
– „Ги намалуваме профитите, кризата не смее да биде на грбот на граѓаните“, порачаа од Влада
Одлуката за новите замрзнати цени ќе важи во периодот од 16 март до 31 мај годинава.
Според пресметките на владините експерти со ваквата одлука се очекува поевтинување на белото сирење, кашкавалот, киселото млеко, павлаката, јогуртот, кравјото млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти масленост, а новата цена ќе се формира во односно највисоката цена на овие производи во малопродажба од 1 март годинава.
Кај тестенините, конкретно кај макароните и шпагетите намалувањето се очекува да изнесува околу 8 – 9 денари.
– „99,9 отсто од компаниите ја користат максималната маржа која е наведена од 20 отсто и се здружени да не ги намалат профитите. Затоа одлучивме да го смениме моделот и да одиме на замрзнување на цените“, кажа Крешник Бектеши, министер за економија.
Образложувајќи ги двете одлуки за замрзнување на цените, министерот Бектеши соопшти дека одлучиле да одат со намалување во проценти бидејќи има низз производи кои се произведуваат во државата и низа кои се увезуваат, како тестенините, па затоа е линерано намалување.
Според пресметките пакување на тестенини кое на 1 март чинело 49 денари од 16 март ќе чини 41 или 42 денари.
Ова е втора одлука на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи годинава. Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари.