Некогаш во Гевгелија немаше двор без медитеранскиот цвет на леандрите, а ова е центарот на Гевгелија и познатиот хотел „Југо“ со цветен аранжман од леандри пред самиот влез на објектот.
Изграден во 80-те години на XX век беше дел од ЗИК “Винојуг”, модерен објект од “Б” категорија со што овој комбинат ја прошири и збогати хотелско-угостителската дејност во општината. Стана угостителски бренд со широката палета посетители од Југославија и соседните земји, препознатлив по полните ресторани, забавите на летната тераса, ноќниот клуб, казиното “Аполонија” и полните соби, 108 на број, со елитни странски гости.
Успешната деловна приказна на “Југо” стана предвесник на казинскиот туризам во Гевгелија.
Фото: Леандрите пред х. „Југо“ – 1980 година