Утринава во 08:50 часот Европската Макросеизмичка станица регистрираше земјотрес во близина на Гевгелија.
Јачината на земјотресот е 3,1 степени по Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри од земјиното тло на подрачјето на Република Севера Македонија.
Координатите на епицентарот се 41.22 N (северна географска должина) и; 22.44 E (источна географка ширина).
Граѓаните на Гевгелија го почувствуваа земјотресот.
Читатели на GevgelijaNet.com ни споделија реакции за земјотресот кој го почувствувале.
Земјотресот го почувствале и 350.000 жители на Солун, Грција по локално време во 09:50:25.и на 10 km NW од Гевгелија, со популација од 20.600 жители, по локално време од 08:50:25. на 12.03.2023 година.
EMSC во својот дневник забележа дека Гевгелија е на 5 километри оддалечена од епицентарот на земјотресот. Истиот предизвикал слабо и кратко тресење.
Дали е ова потрес од Европската сеизмичка плоча како последица на сеизмичката плоча на Анталија која ја потресе Турција, а цел месец ги тресе Грција, Италија, Романија, Сирија, Кипар, и повторно Турција.
Посакуваме МИРНО ТЛО за СИТЕ !