среда, 22, март 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Младен Бундов – 24 години во служба на хуманоста преку Црвен Крст Гевгелија

По повод 78 годишнината од основањето на Црвен крст на Република Македонија и најхуманиот ден 17-ти Март - Ден на крводарителството во РСМ, потсетуваме за човекот од нашата Гевгелија, Младен Бундов кој својот работен век го посвети на хуманоста

март 17, 2023
in ФОКУС
Младен Бундов – 24 години во служба на хуманоста преку Црвен Крст Гевгелија
0
SHARES
692
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По повод 78 годишнината од основањето на Црвен крст на Република Македонија и најхуманиот ден 17-ти Март – Ден на крводарителството во РСМ денешниот информативен простор го посветуваме на човекот од нашата Гевгелија кој својот работен век го посвети на хуманоста, Младен Бундов

Младен Бундов беше најдолго на функцијата Секретар на Општинската Организација на Црвен Крст -Гевгелија. Оваа благородна функција ја обавуваше цели 24 години од својот работен стаж, започнувајќи од 1992 – па се до пензионирањето во 2016 година. Пред функцијата Секретар, од 1977 до 1979 година, работел во Општина Гевгелија, во управен одбор.
Роден е на 11.06.1952 година во Гевгелија. Своето средно образование го завршува во Гевгелија.

Related posts

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

март 21, 2023
Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

март 21, 2023

Првите работни простории на Црвен Крст Гевгелија се во бараките зад општинската зграда, сега „Даночно одделение“ на општина Гевгелија. Овде ги планирале хуманите акции, овде собирале хуманитарни прилози, овде изведувале предавања за „Прва помош“, едукациј за основна прва помош за идните возачи, овде се делела хуманитарна помош за тие на кои им е потребна, а се планирале и изведувале крводарителски и други хуманитарни акции како во општината така и во поширокиот регион за кој надлежност имаше ЦК Гевгелија.

Пред просториите на Црвен крст Гевгелија – Младен Бундов со општински претставници и гости од ЦК на Македонија

Во декември 2021 година за долгогодишната посветена работа на Младен Бундов му беше постхумно доделена Благодарница од ЦК Гевгелија, со напомена дека бил еден од највредните секретари на ОО на ЦК во државата.

На кој начин се истакнуваше овој често работно тивок човек, но отворен за секого и секаде каде е потребно. Бројките кажуваа дека неприкосновено со години ОО на ЦК Гевгелија важеше за прва во државата по бројот на спроведени доброволни крводарителски акции. Ако годишниот план им беше по 1.000 планирани крводарувања, Гевгелија исполнуваше 1.200 крводарувања. Републичкиот Црвен крст им го одобри планот на 1.200 крводарувања годишно, па ЦК Гевгелија повторно не застана со бројките туку го надминувашепланот со реализирани 1.400 до .1.700 крводарувања годишно. Ова сето се остваруваше преку доброволните акции организирани меѓу населението, но и во училишта, работни колективи каде Црвениот крст секаде бил примен со срдечност и ангажираност од средината, од учесниците. И сето ова создаде доброволна „армија“ од близу 500 редовни крводарители во Општината.

Свечено одбележување на Денот на крводарителството во организација на Црвен крст Гевгелија – работно Бундов и Вегов

За време на неговото долгогодишно работно искуство како Секретар на ЦК, Бундов во соработка со Оделот за трансфузиологија при Државна Болница -Скопје, потоа Трансфузиологија при Општа Болница Гевгелија, спровел многу такви акции во Гевгелија. Миравци, Богданци и Дојран, исто така и хуманитарни акции за време на војната во бивша Југославија. Помагал на родителите да ги пронајдат своите синови кои беа на армиска должност, војска. Во тоа тешко време помагал и на бегалците, кои пристигнувале на безбедно во Гевгелија наоѓајки привремено сместување за нив, им делеше храна, облека и се друго што беше потребно на бегалците и социјалните семејства. Се залагаше за болниците во Гевгелија и Негорци да добиваат болнички кревети, нови постелнини, преку донации од Холандија и Германија.

Работно Собрание на ЦК Гевгелија – Бундов и доктори и членови на Собранието

Интересна, но исто така тажна и весела случка во текот на неговата работа е, едно од семејствата бегалци кои престојувало 4 години во Гевгелија, по војната во Бивша Југославија кои биле од Босна, им помогнал да успеат да стапат во контакт со нивната ќерка која била омажена во Тузла, а немале контакт со неа 4 години.

Во неговото време Црвен Крст Гевгелија секоја година го одбележуваа денот на карводарителството со голема заедничка средба на карводарителите, со ручек, музика цвет за жените и благодарници за повеќекратните карводарители. Честа беше голема за секој крводарител да биде дел од таа средба на најхуманите луѓе на едно место.

Одбележување на Денот на крводарителите во Гевгелија – со раководителот на трансфузиологија д-р Баламовски, со претставници од Републичкиот ЦК и Општинскиот ЦК

– „Несебичноста, човечноста и хуманоста му беа приоритети и вон работното време. Секој пат помагаше на сите кои имаа потреба од крвни единици во Гевгелија или Скопје. Несебично и доброволно, секогаш помагаше на луѓето во било кое време, без разлика на работното време. За него немаше од – до, негова водилка беше човештината пред се’. Кога замина во пензија исто така останаа пријателствата со карводарителите засекогаш со огромна почит.Од Црвен Крст Гевгелија му врачија постхумано Благодарница за неговата долгогодишна посветена работа, како највисок чин на почест за придонесот во развојот на организацијата како на локално, така и на државно ниво.. Им се заблагодаруваме за тој гест кој беше неочекувано, но заслужено како најдобар Секретар во цела Македонија, кој навремено и одговорно ја вршеше својата функција“ – вели неговата ќерка Марија Бундова Аврамова.
Благодарницата ја прими неговата сопруга Теодора Бундова.
.
Со ангажманот во своето поле на хуманоста, овој човек ги наполни витрините на ЦК Гевгелија со многу благодарници и признанија, меѓу нив во областа за прва помош на Европски натпревар, каде екипата на општина Гевгелија освојуваа прво место .

Делегација на општина Гевгелија и ЦК Гевгелија на прием во Скопје

Младен Бундов почина на 19. 04. 2021 во Скопје. Ја сакаше музиката, пееше, твореше свои песни, и обожуваше да свири на гитара. Засекогаш остави песна за своите три внуци, Весна, Тамара и Христијан.
Неговата животна мисла беше дека „Сите несебично треба да си помагат еден со друг“, а негова порака беше “Почитувајте се еден со друг, помагајте во секој момент на секој на кој му е потребна помошта, без разлика на вера, нација и боја.”

Неговата хуманост и човештина ја пренесуваше во текот на целиот свој живот на сите и на своето семејство. Неговото семејство продолжува по неговите стапки.

Црвениот крст денеска гордо им се заблагодарува на сите луѓе втемелени во вредностите на оваа хуманитарна организација, посочувајќи со денешната порака: „Вие сте силата која го движи светот, вие сте столбот на армијата на хуманоста, вие сте зракот на сонцето онаму каде е најпотребно“.

Вечен спомен за Младен Бундов.
Честит Ден на крводарителството на сите сегашни и идни крводарители!.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Авто школа „ПРИМА“ — 31 година обука, едукација, развој

Next Post

Крводарителска акција по повод 17 март – Денот на крводарителството во Македонија

Next Post
Крводарителска акција по повод 17 март –  Денот на крводарителството во Македонија

Крводарителска акција по повод 17 март - Денот на крводарителството во Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на млекото, млечните производи и тестенините

Владата ги замрзна цените на млекото, млечните производи и тестенините

2 недели ago
„Cake&Bake“ – пекара која работи за луѓето

„Cake&Bake“ – пекара која работи за луѓето

3 недели ago
За рурален развој општина Гевгелија ќе одвои 288.000 евра од Буџетот за 2024 година

За рурален развој општина Гевгелија ќе одвои 288.000 евра од Буџетот за 2024 година

2 недели ago
Владата одобри 65 милиони денари за реконструкција на колекторскиот систем и изградба на нова Пречистителна станица во Дојран

Владата одобри 65 милиони денари за реконструкција на колекторскиот систем и изградба на нова Пречистителна станица во Дојран

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • „SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија
  • Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром
  • Ученички ден за новите угостители од Гевгелија поминат со барменот Перунковски

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

„SWЕET DANCE“ од Богданци освои три пехари во Србија

март 21, 2023
Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

Царина заплени над 43 килограми златен накит на Скопскиот аеродром

март 21, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist