Во петокот на 17/18.03.2023 од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин „Богородица“ и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Р.Турција, двајца од Р.Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија, поради сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Имено, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.(52) од Р.Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана.
Вчера, на 18.03.2023 при контрола на патничко возило „Хјундаи Санта Фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото.
Истиот ден, сабота, (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.
Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство. Законска постапка ќ следува и за македонскиот државјанин.
На сторителите на фалсификат, лицата кои употребиле фалсификувани исправи, според Кривичниот законик на РСМ им се запретува казна во траење од три месеци до пет години затвор.