Три освоени трофеи за „Мотокрос Клуб Гевгелија“ на одржаниот Шампионат на патеата „Милци“ – две први и едно трето место за носителите Огнен, Димитар и Саше.
Поделени беа 21 медали на најдобрите пласирани во трките во осум класи и тоа: МХ 50, МХ65, МХ85, МХ2 јуниор, МХ2, МХ сениори, МХ и МХ1.
Првата мотокрос трка од Државниот шампионат за годинава беше во организација на „Мотокрос клуб Гевгелија“ и Моторциклистичката Федерација на Македонија.
– „На патеката настапија вкупно 53 натпреварувачи што е најголем број на учесници на една трка во Македонија до сега. Освен мотокросисти од нашата држава на трката учествуваа и натпреварувачи од Р. Грција и Р. Србија“ – изјави за GevgelijaNet.com секретарот на МФСМ Александар Николовски, инаку задолжен за мотокрос трките во организација на Федерацијата.
Победничките овации од публиката и медалите ги добија следните натпреварувачи:
Класа МХ50:
1. Прво место – Нина Олури
Класа МХ65:
1. Прво место – Стефан Георгиевски
2. Второ место – Михаил Мрцковиќ
3. Трето место – Марко Поповски
Класа МХ85:
1. Прво место – Виктор Андреевски
2. Второ место – Вук Цајиќ
3. Трето место – Иво Стевков
Класа МХ2 јуниори:
1. Прво место – Огнен Тодоров – „Мотокрос Клуб Гевгелија“
2. Второ место – Алексеј Стојковски
3. Трето место – Христис Тефтидис (Hristos Teftidis – GR)
Класа МХ2:
1. Прво место – Stelios Fisekis – (GR)
2. Второ место – Sotiris Papas – (GR)
3. Трето место – Marko Regalio – (GR)
Kласа МХ сениори:
1. Прво место – Слодан Ивчевски
2. Второ место – Никола Георгиевски
Класа МХ:
1. Прво место – Димитар Маџунков – „Мотокрос Клуб Гевгелија“
2. Второ место – Зоран Каранфиловски
3. Трето место – Михаил Бајовски
Класа МХ1:
1. Прво место – Христијан Илиовски
2. Второ место – Гоце Томовски
3. Трето место – Саше Трајков – „Мотокрос Клуб Гевгелија“
Задоволни од патеката, од организационата поддршка, од публиката, членовите на МФСМ најавија уште една Втора мотокрос трка на Шампионатот, која треба да се одржи повторно на патеката „Милци“, оваа есен.
Инаку, наредната трка од Шампионатот е закажана за 14 мај на патеката „Орман“ во Скопје.
Честитки за сите медалисти, за учесниците кои ја вратија Гевгелија на мапата на мотокрос трките во Македонија, на организаторите и секако на гевгелиските мотокросисти кои освоија подиум.