На 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“ – Андријана Јаневска, Игор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ оставиja најсилен впечаток кај гледачите со нивната маестрална изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови“ од Славко Јаневски.
Според коментарите на социјалните медиум тие имаа најемотивен настап.
Имено, овие песни се посветени на масакрот во Ваташа, крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа.
https://www.youtube.com/watch?v=9Pzs2w9jhqY
„Драги Македонци, имате што да им порачате на вашите деца и внуци. Пуштајте им ја песнава и раскажувајте што точно се случило. Треба да сме горди што постојат луѓе како Андијана и Игор“, „Се гордеам што сум Македонец и внук на Илинденец и Партизан. Македонијо, те сакаме“, „Ме расплакаа! Маестрални!“, се дел од коментарите.