четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Државната матура ќе биде олеснета – Сојузот на средношколците го прифатија компромисот од МОН

На средба со МОН и Сојузот на средношколците е договорено - Државната матура ќе биде прилагодена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти

март 28, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Државната матура ќе биде олеснета – Сојузот на средношколците го прифатија компромисот од МОН
0
SHARES
61
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од Сојузот на средношколци информираа дека на вонредна седница одржана синоќа го прифатиле компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука околу државната матура, со кој велат дека државната матура ќе биде прилагодена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти

Од Сојузот велат дека им биле прифатени три од четирите барања. На матурантите ќе им се олесни полагањето на државната матура бидејќи ќе се обезбедат банки со прашања за интерните испити и овие испити ќе носат повеќе поени при уписот на факултет. Дополнително ќе се намали бројот на прашања и бодови на првиот екстерен испит, а тој ќе се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дополнителни 2 поени при уписот.

Related posts

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

– „Сегашниот сооднос екстерните испити да носат најмногу 24 поени, а интерните најмногу 12 поени ќе се смени во сооднос екстерните да носат најмногу 20 поени, односно интерните најмногу 16 поени. Министерството за образование и наука преку Владата ќе им издаде препорака на универзитетите да извршат ваква промена во конкурсите. Првиот екстерен испит ќе се смета за соодветен на сите студиски програми што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент. Конкретно, матурантите ќе добијат додатни 2 поени при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература“, посочуваат од Сојузот на средношколци.

Средба на Сојузот на средношколци одржана со претставници од Министерството за образование и наука

Оттаму велат дека издејствувале наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна 4 недели пред испитот. Овие банки ќе содржат број на прашања 3 пати поголем од бројот на прашања на испитот, што според Сојузот е значајно олеснување за матурантите бидејќи тие ќе имаат доволно време соодветно да се подготват и за интерните испити.

– „Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Истиот ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања“, посочуваат од Сојузот.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ на Златна Бубамара 2023

Next Post

Намален број на сообраќајни несреќи во Гевгелија

Next Post
Намален број на сообраќајни несреќи во Гевгелија

Намален број на сообраќајни несреќи во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: КВАДРИЛ 2025 – Танц на матурантите во Гевгелија

ВИДЕО: КВАДРИЛ 2025 – Танц на матурантите во Гевгелија

2 месеци ago
Со полувековна “Застава 101” на море

Со полувековна “Застава 101” на море

5 дена ago
Акција „Безбедно лето 2023“ во Дојран

Акција „Безбедно лето 2023“ во Дојран

2 години ago
Турција му определи 40 дена екстрадициски притвор на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања

Турција му определи 40 дена екстрадициски притвор на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist