Новиот состав на детскиот хор „Калинка“ пропеја; го отпеаја авизото на Детскиот фестивал „Калинка“ и други песнички од оваа музичка ризница на Гевгелија.
Пеат решителни и послушни кон диригентските подучувања, решителни да заблескаат на сцената закажана за мај годинава.
„Еј калинке, еј калинке, моме убаво лично, како тебе овошје нема нигде слично…“ вака пеат децата од новиот хор на „Калинка“, а на песната ќе се потсетат и некогашните учесници на овој детски музички настан и бројната публика од Гевгелија и околината.
Уживајте со новите „калинки“, брзо учат и брзо брзо ќе настапат.
Еве го кај е мај.