Со изборно Собрание и конститутивна седница на Извршниот одбор денеска Здружението на пензионери од Гевгелија бираше нови претставници на највозрасната невладина структура во Гевгелија.
Димитар Попов, долгогодишен пазарен инспектор во Министарството за економија, ПЕ Гевгелија е избран едногласно од сите 15 членови на Извршниот одбор за нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија.
За претседател на Собранието на Здружението на пензионери е избран Слободан Динев, меѓу гевгеличани познат како Морандо, инаку долгогодишен банкарски службеник во „Стопанска Банка“ Гевгелија.
На денешното изборно Собрание му претходеа делегатски избори во сите пет реони од Гевгелија и од населените места во Општината. Вкупно 27 делегати од посочените реонски средби беа избрани од своите делегатски бази да присуствуваат и гласат за избор на новите функционери во ЗП Гевгелија.
Инаку гевгелиското Здружение брои околу 4.500 пензионери. Пред шест години со состојба од 2017 нивната бројка била 3.888 пензионери, што значи дека уживтелите на статусот пензионери расте.
Пред новоизбраниоте претседател Димитар Попов после примопредавањето на функцијата со неговиот претходник Велин Стојменов му претстои избор на работните комисии на здружението и активност за остварување на правата на пензионерите од нашата заедница.
Инаку, Здружението на пензионери на општина Гевгелија датира повеќе од пет децении со формирањето од 1971 година како околиско здружение бидејќи во него биле опфатени пензионерите од сите населени места на поранешната Гевгелиска околија. Од 1998 година од Здружението се издвоиле ограноците во Богданци и Дојран и од тогаш функционираат како посебни Здруженија на пензионери.
Им посакуваме добро здравје, успешни пензионерски денови и претставувања со свои активности.