Денеска во Куманово се одржа Меморијален турнир во ракомет за жени , „Јасмина Голубовиќ“ на кој учество зедоа четири тимови ракометни ветеранки од четири различни општини.
Покрај домаќинскиот тим од Куманово на паркетот се најдоа и тимови ракометни ветеранки од Гевгелија, Богданци и Струга.
Победници на турнирот и носители на златниот пехар е екипата од „МЛАЗ“ од Богданци. Тие со гордост позираа со освоениот трофеј денеска.
Па патот до трофејот тие ги обедија екипите на Куманово – Богданци 4:6 и Струга-Богданци 12:13
Покрак првопласираните ракометарки од Богданци, за второ место се изборија ветеранките од Струга.
Третото место им припадна на рекометарките од некогашниот состав на ЖРК „Гевгелија“- Гевгелија и на четврто место остана домаќинскиот тим од Куманово.
Меморијален турнир се одржува во чест на ракометарката Јасмина Голубовиќ, која беше активна во 60-тите години, носејќи му успеси на матичниот клуб ЖРК „Куманово“. Нејзината умешност како белег на женскиот ракомет во Куманово, остави значајни резултати. Ова е втор меморијал од востановувањето во 2022 година
Честитки за енергичните ракометарки од југот.