На почетокот од денешниот неделен ден, ( 02.04.2023 год.) во 01:50 часот пред угостителски објект во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(20) од Богданци.
Причина за приведувањето на младиот богданчанец е, затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник.
За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.