Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам има за цел да стави акцент на пречките што луѓето со аутизам – и другите кои живеат со аутизам – се соочуваат секој ден. Исто така се прославуваат уникатните вредности на оние со аутизам, притоа ставајќи огромен акцент на топлата прегратка и добредојде.
Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат.
Во Македонија нема регистар за луѓе со аутизам, но ако ја прифатиме светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден аутистичен тоа значи дека овде има околу 12000. Ова е голема бројка за да се занемари.
Видеово и песничката се наравени пред 5 години (2018 г.) и уште е хит.
Поддршка за лицата со аутизам денес упати и премиерот Ковачевски: